„Мирор“ најави: Јунајтед подготвува голема размена со Интер

Манчестер јунајтед, наводно, планира да го пушти Пол Погба во Интер, но само доколку за возврат го добие напаѓачот Лаутаро Мартинез.

„Мирор“ пишува дека Јунајтед е отворен за размена на фудбалери со Интер и е подготвен да се откаже од Погба доколку Интер го пушти одличниот напаѓач.

Погба нема ништо против да соработува со Антонио Конте, кој го тренираше во Јувентус, а нема против ниту да потпише за најголемиот ривал на неговата поранешна екипа.

Мартинез постигна осум голови во 16 натпревари во Серија А сезонава и ги импресионираше сите на „Џузепе Меаца“.

Од друга страна, Погба не игра најдобро сезонава и е далеку од својата вистинска форма.