„Мирор“: Ѕвезда на Манчестер јунајтед се сели во Реал Мадрид!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер јунајтед во јануари би можел да остане без Бруно Фернандеш, откако неодамна го раскина договорот со Кристијано Роналдо.

Англиските медиуми пишуваат дека Фернандеш наводно бил на врвот на листата со желби на Реал Мадрид, кој ќе се обиде да го ангажира уште во јануари.

Фернандеш бил голема желба на Карло Анчелоти, кој испратил скаути да го следат на Мундијалот во Катар.

Раководството на „кралевите“ и во претходните години ангажираа засилувања по Светските првенства, па така ги купија Месут Озил, Хамес Родригез, Еден Азар и уште неколку фудбалери.

Португалецот оваа година настапи на двата меча за својата репрезентација и притоа постигна два гола и две асистенции.