Митревски: Дуелот против Австрија за нас е – мало финале!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонија во 18.15 часот игра против Австрија и доколку сакаме пласман понатаму ќе мора да извлечеме поволен резултат, а најмногу ни одговара победа од два-три разлика.

Австрија досега запиша две победи на Европското првенство, но тоа не значи дека и тие се безбедни и нивниот пласман во следната фаза е загарантиран.

Никола Митревски одигра одличен меч против Украина, по што против Чешка бранеше малку, но сега се надева дека ќе остварат триумф со соиграчите.

„Австрија за нас е мало финале. Може да победиме и да се пласираме во следна фаза. Наше е да дадеме максимум, јас сметам дека нивните крила не смеат да се разиграат. Против Украина одличен на теренот беше Вебер, кој постигна осум од осум гола“, порача Митревски