Митревски со десет интервенции и два гола блесна против Чико Андебол


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски имаше одличен настап за Порто во триумфот против Чико Андебол (47-26).

Македонецот имаше 10 интервенции на натпреварот, а притоа успеа да постигне и два гола, па така да му помогне на својот тим да извојува победа од 21 гол разлика.

Порто во моментов се наоѓа на втората позиција во домашниот шампионат со 49 бодови, односно три помалку од лидерот Спортинг Лисабон, но има одиграно и еден меч помалку.