Мизерна статистика: Де Хеа последниот пенал го одбрани пред пет години! 🎥


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Шпанскиот чувар на мрежата Давид де Хеа го промаши решавачкиот пенал во неверојатната серија против Виљареал во финалето на Лига Европа (11-10).

Меѓутоа, многу поголем проблем е фактот што Де Хеа едноставно не може да одбрани пенал и веќе пет години не одбранил ниту еден удар од 11 метри.

Последниот човек на кого Шпанецот му одбрани пенал беше Ромелу Лукаку, и тоа во ФА-купот на 23 април 2016 година против Евертон.

Од тогаш до сега Де Хеа бил 36 пати совладан од пенали и тоа дефинитивно не е статистика со која треба да се гордее шпанскиот голман.

Интересно е тоа што во истиот период, резервниот голман на Јунајтед, Дин Хендерсон зачувал 47 проценти од 17 пенали кои биле досудени против екипите во кои бранел.