Млада ѕвезда ги загуби нервите: Вакво нешто не очекував од Ковач!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ренато Санчез по синоќешното реми со Херта јавно порача дека сака да го напушти Баерн Минхен и да побара нов клуб.

Санчез во Баерн пристигна пред три години, а во тој период делуваше одлично за еден тинејџер и многумина беа убедени дека станува збор за нова ѕвезда, но покрај силната конкуренција не успеа да се избори за место во тимот.

Младата ѕвезда неколку пати јавно покажа незадоволство, а откако не се промени неговиот статус, Санчез се налути и ситуацијата му ја опишал на германскиот новинар Флоријан Плетенбург.

„Санчез кажа дека ваквиот статус не е добар за него, дека двапати побарал трансфер и дека Баерн одбил да го продаде. Тој смета дека заслужува повеќе од пет минути на теренот и дека за толку малку време тешко може да се покаже“, објави новинарот.