Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Жозе Мурињо вчера ја превзеде екипата на Тотенхем.
После една година пауза Посебниот се врати на тренерската работа, а во лондонскиот тим го замени Маурицио Покетино на кој му беше доделен отказ после пет години работа во клубот.
Меѓутоа и покрај тоа што неколку англиски медиуми веќе ја составија листата на играчи кои Мурињо наводно сака да ги донесе во тимот, од тоа нема да се случи ништо.
Првиот човек на Спарсите, Даниел Леви, според пишувањата на медиумот Guardian соопшти дека на Мурињо уште на преговорите му било соопштено дека клубот нема да може да обезбеди средства за нови засилувања во јануари.
Па така, португалскиот стручњак ќе мора да работи со тимот кој моментално го поседува. Големи потписи нема да има, но очигледно е дека тоа на Посебниот не му пречи бидејќи прилично лесно се согласи на новата работа.
Единствениот услов кој го истакна пред Леви е дека не смее да го продаде Хари Кејн, а првиот човек на клубот му вети дека ќе го исполни тој услов.
Да се потсетиме, Мурињо потпиша договор на три и пол години со Тотенхем, а годишната плата му е 15 милиони фунти.
Првото деби со овој тим Жозе ќе го има во сабота против тимот на Вест Хем.