„Многу сум возбуден поради новиот предизвик со Интер Мајами“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лионел Меси неодамна потпиша договор со Интер Мајами, кој ќе го промовира на 16 јули, а неколку дена подоцна Аргентинецот ќе дебитира во дресот на новата екипа.

Меси во моментов е на одмор во татковината, каде што одигра и два ревијални натпревари, а во разговор со новинарите вели дека е возбуден за предизвикот.

„Убаво е чувството што можев да заиграм на меч на кој се збогува Рикелме. Сега ќе имам неколку дена одмор и ќе почнам во мојот нов град, со мојот нов клуб, многу сум возбуден“, кажа Меси.