Модриќ и уште пет фудбалери може бесплатно да си заминат од Реал Мадрид

Раководството на Реал Мадрид во следниот период мора да донесе големи одлуки бидејќи шест фудбалери имаат договори до крајот на сезоната, а без двајца од нив тешко може да се замисли составот на Карло Анчелоти.

Тони Крос е еден од фудбалерите на кои им завршува договорот, а засега не е познато дали ќе ја продолжи кариерата, додека Лука Модриќ најверојатно ќе стави потпис на нова соработка во следниот период.

Дани Себалјос и Марко Асенсио се луѓе кои имаат 50 отсто шанса да останат во „кралскиот клуб“, додека единствен фудбалер чија иднина е решена е Мариано Дијаз.

Управата на клубот реши да не му го продолжи договорот на Дијаз, кој ќе има нов клуб од следното лето, додека Начо Ернандез е сигурен дека ќе ја продолжи соработката со „кралевите“.