Модриќ му се смееше на Ѓоковиќ поради гневот, па доби „одговор“ 🎥


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ знае некогаш да ги загуби нервите и да крши рекети или да шутира нешто по терен, а таков беше и на дуелот против Хрватска во Дејвис Купот.

Ѓоковиќ играше меч во двојки заедно со Никола Чачиќ, а загуби од еден од најдобрите светски парови Никола Мектиќ и Мате Павиќ.

Средбата се играше во Мадрид, а на трибините се наоѓаше и Лука Модриќ. Ѕвездата на Реал Мадрид му се смееше на Ѓоковиќ откако тој ги загуби нервите.

„Разбирам зошто сакате некои одговори за тоа каде ќе ја почнам сезоната. Навистина сум изморен од оваа година. Сакам да поминам време со семејството, да се одморам, па потоа ќе видиме што ни носи иднината“, кажа Ѓоковиќ.