Модриќ по мечот со Елче направи потег кој ги освои срцата на навивачите на Реал Мадрид 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еден од најдобрите фудбалери на Реал Мадрид, Лука Модриќ направи потег за почит по натпреварот против Елче (2-2), откако Хрватот реши да му ја исполни желбата на еден млад навивач.

Момче му го бараше дресот пред почетокот на натпреварот, а Модриќ не го заборави. Хрватот беше одличен на теренот и даде гол од бела точка, по што го израдува навивачот.

Кога заврши мечот, Модриќ се сети на неговото ветување и на еден од редарите му го даде својот дрес и го замоли да го однесе до својот фан на трибините.

Момчето беше пресреќно затоа што Хрватот му ја исполни желбата, па го облече дресот преку тој на Винисиус Жуниор.