Модриќ потпиша нов договор со Реал Мадрид!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Искусниот хрватски фудбалер Лука Модриќ и следната сезона ќе игра во дресот на Реал Мадрид.

Хрватот веќе со години е еден од најдобрите играчи за врска во светот, а тоа го круниса пред три години кога ја доби „Златната топка“.

Модриќ имаше договор до крајот на сезоната со „кралевите“ и имаше најави дека Флорентино Перез сака да ја подмлади екипата, односно дека Хрватот ќе си замине.

Меѓутоа, сега е јасно дека тоа нема да се случи затоа што 35-годишниот фудбалер денеска официјално потпиша нов договор со Реал до 2022 година.

Модриќ во Реал стигна во 2012 година од Тотенхем за 35 милиони евра и се покажа како одличен потег на раководството.