Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Германскиот фудбалер Тони Крос на крајот на Европското првенство (ЕП) ќе замине во пензија, а порака до него испрати неговиот соиграч Лука Модриќ.
Модриќ се поздрави со Германецот и посака да се збогуваат со титула во Лигата на шампиони (ЛШ).
„Драг Тони, тешко ми е да ги напишам овие зборови. Светот на фудбалот е тажен затоа што си заминува еден историски фудбалер, а признавам дека и јас сум многу тажен. Мој пријател, ти си легенда на овој спорт и легенда на Реал Мадрид. Навистина уживав кога играм со тебе. Навистина ми беше чест да играм со тебе во средниот ред на Реал. Имаш квалитети кои те прават единствен и посебен. Никогаш повеќе нема да има некој како Тони Крос. Незаборавни европски ноќи, титули, шарм на Бернабеу.. Никогаш нема да ја заборавиме оваа златна ера во нашите животи. Постигна се, но ти остана уште една работа. Заедно до 15. Ќе ми недостасуваш пријателе“, објави Модриќ.