Моќниот Федерер му одржа лекција на Шаповалов и обезбеди финале во Мајами


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Роџер Федерер се пласираше во финалето на Мастерс турнирот во Мајами, откако славеше против Денис Шаповалов од Канада со 6-2 и 6-4.

Швајцарецот доминираше во првиот сет, кој можеше и поубедливо да го добие, а единствена шанса 19-годишниот Канаѓанец доби на почетокот на вториот сет, кога лесно го доби почетниот гем и дојде до 15-40 во наредниот.

Меѓутоа, Федерер направи пресврт, а потоа и брејк, па до крајот со сигурна игра и без поголеми проблеми дојде до победата.

Федерер против Џон Иснер ќе игра во финалето, а во меѓусебните дуели води со 5-2, иако немаат играно од Париз во 2015 година, кога славеше Американецот.