Молк на „Олд Трафорд“: Реал Сосиедад го изненади Манчестер јунајтед (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер јунајтед во првото коло од Лига Европа го пречекаа Реал Сосиедад, а на крајот загуби со 0-1, а тоа е ново непријатно изненадување за премиерлигашот.

Гостите до водство стигнаа во 59. минута преку Мендез од белата точка, додека Кристијано Роналдо постигна гол за Јунајтед, но истиот беше поништен по прегледување на ВАР-снимката.

Тренерот Ерик Тен Хаг направи неколку измени со цел да се врати во игра, а Јунајтед имаше неколку обиди, но тие не беа опасни кон голот на Реал Сосиедад.