Моментот кога одлучи се: Беше поништен регуларен гол, а тој ја остави Астон Вила во лигата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Астон Вила избори опстанок во Премиер лигата.

Денес фудбалерите на тимот од Бирмингем ремизираа со Вест Хем (1-1), и со пораз на Ватфорд од Арсенал (3-2), успеаа да опстанат во најдобриот ранг на фудбалот во Англија.

Сепак, една од големите причини за опстанок на Вила во лигата е мечот од 28. коло на ова натпреварување кога беше поништен регуларен гол на Шефилд Јунајтед.

Ниту гол технологијата, а ниту ВАР тогаш не детектираа погодок. Средбата продолжи и натрпеварот заврши 0-0.

Со пораз на тој меч Вила оваа сезона ќе завршеше со 34 бода, исто бодови како и Бурнемоут, но со лоша гол разлика, па така ќе беа пласирани 18., а не 17., но сепак сето тоа е во доменот на познатата фраза: „Што би било, кога би било“.