Монако посакува двајца фудбалери од Премиер лигата: На радарот играчи на Челси и Саутемптон


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Според „Л’Екип“ од редовите на Монако посакуваат во своите редови да ги видат фудбалерите на Челси и Саутемптон, Тему Бакајоко и Марио Лемина.

Лемина се поврзуваше со трансфер во Манчестер Јунајтед и не ги одработи подготовките со неговиот се уште актуелен клуб затоа што јасно им дал до знаење дека сака да замине.

Бакајоко пак не е во плановите на Френк Лампард и речиси сигурно ќе се врати на местото каде ги постигна најголемите индивидуални успеси.