Моника Селеш играше меч, а маж ѝ пријде со нож: Исповед на поранешната тенисерка

Легендарната тенисерка Моника Селеш беше доминантна на терените на почетокот од 90-те години на минатиот век. Освои девет гренслем-титули, но дури осум пред да биде нападната и прободена со нож во грб во Хамбург.

Селеш играше неверојатно во тој период и трета година по ред стана шампионка на Австралијан опен, а цел свет остана изненаден кога на 16 години го освои Ролан Гарос.

По ужасниот настан во Хамбург, Селеш направи пауза од две години, а тој период го минала многу тешко.

„Најтешко беше во 1993 година кога бев прободена во грб, мојата цела кариера доживеа колапс. Работев напорно да го најдам тој баланс“, вели Селеш.

Сепак, нешто што најмногу ја погодило е моментот кога починал нејзиниот татко. Од тој удар не можела да се врати и никогаш повеќе не доминираше на теренот.

„Секој ден го почнувам мислејќи на него. Како минува времето, тој повеќе ми недостига. Кога беше опериран од рак на простата и падна на постела, јас бев покрај него. Почина во мај 1998 година и тоа ме боли повеќе од повредите од Хамбург“, вели Селеш.