„Мораме да водиме сметка за сите, не е само Роналдо“


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Селекторот на фудбалската репрезентација на Полска Адам Навалка рече денеска дека неговата екипа мора да обрати внимание на целиот тим на Португалија, не само на Кристијано Роналдо, доколку сакаат да победат во натпреварот од четвртфиналето на Европското првенство.

„Фудбалот е тимски спорт. Нема тим во кој еден играч може да го одлучи исходот на натпреварот. Мислам дека Португалија има добар тим и затоа мораме да водиме сметка за целиот тим, а не само за Роналдо, ако сакаме да победиме“, рече Навалка.

Фудбалерите на Полска и Португалија денеска го играат првиот натпревар од четвртфиналето на ЕП.

Мечот е на програмата од 21:00 часот во Марсеј.

„Португалија е многу опасен противник со голем потенција.. Имаат играчи од највисоко ниво, ѕвезди. Не сакам дури ни да го споменувам Кристијано Роналдо“, рече Навалка.

„За нас секој меч е нов предизвик. Моите играчи веќе постигнаа многу, но и понатака се мотивирани. Сакаат да играат се подобро и подобро и тоа мене како тренер ме прави многу среќен. Полни сме со вера и оптимизам пред мечот“, додаде селекторот на Полска.

Навалка го повика и судијата да го заштитат напаѓачот на неговата екипа Роберт Левандовски истакнувајќи дека „бил на удар“ од противничките играчи повеќе од било кој друг фудбалер на шампионатот.