Мората го напушта Атлетико Мадрид?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Алваро Мората речиси сигурно ќе го напушти Атлетико Мадрид во следниот трансфер период, а неколку екипи веќе се распрашуваат за неговите услуги.

Најупорниот е наводно Интер, кој започнал преговори со Атлетико Мадрид околу купувањето на Мората.

Прва мета на Интер беше Кавани, но Кавани ги одби токму затоа што вети дека ќе замине во Атлетико Мадрид, па Интер се сврте кон друго решение.

Тие сфатија дека Мората ќе биде вишок на Атлетико Мадрид и сакаат да ја искористат оваа ситуација за да го доведат во својот тим.

Интер ќе го продаде Лаутаро Мартинез, кој треба да ја продолжи кариерата во Барселона, па затоа очајно им треба напаѓач.

Мората веќе имаше можност да работи со Антонио Конте, во Јувентус и Челзи, и тие би можеле да добијат трета шанса да работат заедно.