Мората: Заминувам, бидете добро !


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Алваро Мората реши да ги остави социјалните мрежи некое време.

Шпанскиот напаѓач има објавено многу објави на Инстаграм, но по последната фотографија што ја објави, на која како дете стои покрај неговиот татко, тој донесе одлука да се повлече од Инстаграм на неодредено време.

Одлуката на почетокот ги изненади сите негови следбеници, но потоа медиумите објавија дека Мората најверојатно ја направила по бројните навреди и критики упатени до него од навивачите на Реал.

Мората е поранешен играч на Реал, денес е член на Атлетико, а на „контроверзната“ фотографија, тој е во прегратка на татко му на поранешниот стадион „Висенте Калдерон“ на Атлетико.

Претходно, Мората објави дека се приклучил на проектот „Салдремос Хунтос“ за борба против економското влијание што ќе го има коронавирусот врз малите и средни претпријатија, самовработените работници и професионалците во Шпанија.

Иако повеќето медиуми тврдат дека „бега“ поради критики од навивачите на Реал, не е исклучено Мората едноставно да прави пауза од социјалните мрежи и медиуми за време на самоизолацијата.