„Морате да ги победите најдобрите, за да бидете најдобри“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Франција синоќа пружи одлична партија победувајќи го Исланд во четвртфиналето го големи 5:2, и се пласираа во полуфиналето каде што нив ги чека Германија.

Паје и друштвото блескаа синоќа, па така стратегот на Галските петли во игра внесе имиња кои досега не забележаа ниту еден настап на првенството.

Сепак, нивен нареден противник е селекцијата за која што многу да се зборува. Сите во таборот на Франција знаат каква фудбалска сила стои пред нив.

„Германија игра одличен фудбал. Тоа го покажаа и против Италија. Од игра е речиси невозможно да им се постигне гол. Но ние сме меѓу четирите најдобри екипи во Европа, тоа нешто значи.

Мораме да дадеме се од себе со цел да стигнеме во финале, да го оставиме срцето на терен. За да бидеме најдобри, мораме да ги победиме најдобрите“, рече за медиумите, Дидие Дешам.

Франција битката за финалето на првенството ќе игра против Германија на 7 јули.