Можен ли е пресврт? Еден човек може да го убеди Роналдо!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кристијано Роналдо со сите сили се обидува да замине од Манчестер јунајтед, а во претходните недели неколку европски гиганти одбија да испратат понуда за него.

Новинарот Педро Алмеида објави дека трансферот на Касемиро од Реал Мадрид пријатно го изненадил Роналдо.

Не е тајна дека Касемиро и Роналдо беа големи пријатели во редовите на шпанскиот гигант, па токму Бразилецот би можел да го убеди Португалецот да остане во екипата.

Секако, едно засилување не е доволно за тренерот Ерик Тен Хаг, кој бара уште неколку фудбалери за да го комплетира тимот и да го извлече од кризата по двата воведни порази во новата сезона.