„Мрачно е тоа што нè интересира само војната во Украина, истото се случува и во Палестина, Ирак, Јемен…“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот фудбалер Ектор Белерин има поширок агол на гледање на воениот конфликт кој се одвива во Украина по инвазијата на Русија и засега нема знаци дека ќе заврши.

Шпанецот во интервју за „Марка“ вели дека вакви конфликти се случуваат во многу други земји, но тие не им се интересирни на луѓето, ниту медиумски им се посветува толку многу внимание како инвазијата на Русија.

„Многу ми е мрачно кога ќе погледнам колку сме заинтересирани за оваа војна, но има и други за кои не бевме заинтересирани. Тоа се случува сега и во Палестина, Јемен, Ирак… Ние сега решаваме дали Русија ќе игра на Мундијалот или не, мислам дека ваквиот поглед на настаните е навистина мрачен“, вели Белерин.