Му нема спас на Вардар? Управата ќе ги раскине договорите со сите во клубот!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


На Вардар му се пишува црно сценарио по турбулентната сезона која ја има во домашниот шампионат, зашто почнале да се раскинуваат договорите со фудбалерите и стручниот штаб.

„Комити“ преку социјалните мрежи објавија соопштение во кое открија детали за некакви раскини на договори и тоа во момент кога екипата едвај успева да ја доигра полусезоната.

„Матен Вардар…Никако да дочекаме да ја видиме неговата чистина. Сардисан од сите страни…Во моментите кога сите треба да покажат дека се спремни Вардар да истапи пред личните или интересите за некои други работи, повторно свесно се турка во провалија.Денес е побарано од дел од стручниот штаб да потпише спогодбен раскин на договорите… Објаснувањето е дека Вардар не може да ги сноси трошоците за тековното функционирање на клубот. Ќе следи истото и со играчите, и тоа ладно небаре тоа е нормална работа ! Сега во случајов е интересно да се напомене, дека сепак има кој да удри печат и стави потпис на овие бесмислености, а до сега нели Вардар беше дисфункционален и нема кој да потпишува во името на клубот?Се води специјална војна против нас и Вардар ! Не се бираат средства, ниту пак ги интересираат последиците. Никој не одговара ниту на нашите јавни повици и апели да се одржи средба помеѓу инволвираните страни !Најважно е топката да се префрли на другата страна, без притоа да се има и малку слух за сите импликации кои настануваат од постапките кои ги прават и не ги прават.Ве повикуваме повторно да истапите и да се одважите јавно да кажете што правите и каде терате?Навивачите тоа го заслужуваат !Вашиот однос од позиција на моќ прави не да изгледате големи, туку многу мали и недостојни, особено со вашата нетранспарентност и ароганција.Ако правите чекор, направете го сега, ако не дајте го клубот двете страни !#ВардарНаВардарците“, соопштија Комити.

Матен Вардар… Никако да дочекаме да ја видиме неговата чистина. Сардисан од сите страни… Во моментите кога сите…

Posted by Komiti Skopje on Friday, March 26, 2021