Му заврши договорот со ФФМ: Македонија ќе остане без селекторот Ангеловски?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Игор Ангеловски го заврши својот мандат на селекторската позиција на Македонија, односно неговиот договор трае до крајот на 2020 година, па допрва треба да следат преговори со Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Ангеловски ја предводеше Македонија на 45 натпревари, а почна со триумф против Црна Гора од 4-1 и пораз од Ерменија со 0-1. Тој притоа имаше 20 победи, 10 ремија и 15 порази, но и пласман на Европското првенство, кое беше сон на многу генерации.

ФФМ треба допрва да реши дали ќе го задржи единствениот селектор кој ни донесе историски успех или ќе реши да ангажира некој нов тренер. Засега нема најави за преговори меѓу Ангеловски и ФФМ, па останува да видиме што ќе се случи.