Мудрик се сели во Арсенал!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Украинскиот репрезентативец Михајло Мудрик не се прослави во Челси по доаѓањето од Шахтер Доњецк, па сега се шпекулира дека би можел да замине од „Стемфорд бриџ“.

Како следна дестинација на Мудрик се споменува Арсенал, кој и претходно го сакаше Мудрик, но не можеше да го победи Челси во преговорите.

И покрај критиките, Мудрик оваа сезона постигна пет голови и три асистенции на 27 меча во сите натпреварувања, но очигледно тоа не ги задоволува стандардите на „сините“.

Арсенал во моментов се бори со Манчестер сити и Ливерпул за титулата, додека Челси е на 11. место во Премиерлигата.