„Мундо Депортиво“ ги откри проблемите кои мора да ги поправи Барселона


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона е во огромна криза, а тоа го потврди и последниот меч на гостувањето кај Гранада, кадешто избраниците на тренерот Ернесто Валверде загубија со 0-2.

По пет кола во шпанското првенство Барселона се наоѓа на осмо место на табелата со две победи, реми и два порази, а едвај извлекоа реми и на гостувањето кај Борусија Дортмунд во Лигата на шампиони, кадешто резултатот беше 0-0.

„Мундо Депортиво“ ги открива најголемите проблеми на Барселона на стартот на сезоната, па смета дека тие итно мора да бидат решени.

Проблем се недостатокот на голови во гости, зашто Барселона има постигнато само два. Исто така противникот на Каталонците постигнува прв гол. Всушност шпанскиот шампион само еднаш има прв постигнато гол и тоа во победата против Валенсија.

Како проблеми се споменуваат и тоа што Антоан Гризман не се прилагодил добро на тимот, поседот на топка во безопасни подрачја на теренот и тоа што Каталонците имаат премалку успешни дриблинзи.