Мурињо даде одговор на прашањето дали ќе биде нов тренер на Њукасл


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Њукасл му даде отказ на Стив Брус и веднаш почна да бара нов тренер, а на листата со желби на богатите газди се наоѓаат многу тренерски имиња.

Отказот на Брус се очекуваше многу порано, откако пристигнаа новите сопственици во тимот, а едно од тренерските имиња кои се поврзуваа со премиерлигашот беше Жозе Мурињо.

Меѓутоа, Мурињо кажа во изјава за „Скај Спортс“ дека нема намера да го напушти тимот на Рома и да се пресели во Премиерлигата.

„Њукасл? Решив да останам во Рома, не одам никаде. Потпишав тригодишен договор и имаме проект на кој работите. Не сакам да ги напуштам моите фудбалери“, вели Мурињо.