Мурињо дојде во Португалија, ама не кажа дали ќе го замени Сантош


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Португалскиот тренер Жозе Мурињо со Рома пристигна на подготовки во Португалија пред да продолжи сезоната во јануари, но сепак не кажа дали ќе ја преземе репрезентацијата на неговата татковина.

Мурињо се споменуваше како прва опција за нов селектор на Португалија, со тоа што наводно му било понудено да ја тренира и Рома во исто време, меѓутоа засега не е познато дали ќе добие „зелено светло“ од Рим.

Новинарите го пречекаа Мурињо и го нападнаа со прашања за тоа дали ќе ја преземе репрезентацијата, но сепак Португалецот не даде одговор.

Мурињо има договор со Рома до 2024 година, а минатата сезона им го донесе првиот трофеј во европските натпреварувања по шест децении на Римјаните.