Мурињо го одбил Челси зашто сака да остане во Рома


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Рома, Жозе Мурињо ја одбил понудата на Челси да го преземе премиерлигашот, затоа што сака да остане во Рома.

„Кориере дело Спорт“ објави дека стратегот бил во потесниот избор на газдата Тод Боели, но Португалецот се заблагодарил за понудата и решил да ја одбие.

Мурињо двапати го предводеше Челси, и тоа во период од 2004 до 2007 година, како и од 2013 до 2015 година, при што освои три титули во Премиерлигата.

Челси во моментов има 39 бодови по 32 одиграни меча, а последната победа ја запиша против Лестер на 11 март.