Мурињо и Алегри добиле богати понуди од С. Арабија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Тутоспорт“ објави вистинска „бомба“ во пресрет на дербито меѓу Јувентус и Рома. Медиумот пишува дека тренерите Жозе Мурињо и Максимилијано Алегри добиле богати понуди од Саудиска Арабија.

„Специјалниот“ веќе некое време се поврзува со С. Арабија, но тој неколку пати кажа дека останува во Рим.

Алегри, од друга страна, е свесен дека најверојатно ќе го напушти калчолигашот на крајот на сезоната и мора да бара нов тим.

Засега не се открива колку пари би добиле тренерите, меѓутоа станува збор за понуди какви што тешко би можеле да се одбијат.