Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Рома доживеа дебакл против Бодо Глимт од 1-6 во третото коло од Конференциската лига, а тоа го налути тренерот Жозе Мурињо, кој доживеа еден од најголемите порази во тренерската кариера.
Италијанските медиуми тврдат дека ова не е случајно и зад сѐ се крие пеколен план на Португалецот, кој сака да се врати во Премиерлигата.
Мурињо во Рома го донесе и Тами Абрахам од Челси, а во лигата почна со три победи, по што сите помислија дека Португалецот може да ја однесе Рома на врвот.
Меѓутоа, почнаа лошите резултати, па Рома загуби од Верона, Лацио и Јувентус, а потоа следеше дебакл во Норвешка и сега се шпекулира дека тој намерно ги навредувал своите играчи за да може да добие отказ и да потпише за Њукасл јунајтед, кој ќе има неограничен буџет за нови засилувања следното лето.