Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Португалскиот стратег Жозе Мурињо во моментов ја предводи Рома, но наводно на крајот на сезоната сака да се врати во Челси.
„Дејли Мејл“ објави дека неговите агенти контактирале со раководството на Челси и ги понудиле услугите на Португалецот.
Челси не игра најдобро под водство на Грем Потер, па раководството ќе му даде отказ ако не се подобрат резултатите по големиот број засилувања.
Навивачите нема да го паметат Мурињо по добро поради неговиот последен ангажман кога тој имаше лоша разделба со Роман Абрамович.
Мурињо досега двапати го предводеше Челси, а наскоро би можел да седне на кормилото и по третпат.