Мурињо, Клоп, Гвардиола, Конте – Кој ќе биде големиот несреќник?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Некој ПЛ ќе ја уништи“, изјави Славен Билиќ, тренерот на Вест Хем.

Следната сезона во ПЛ ќе се носи работната титула – Може само еден… Најдобрите тренери се собраа во англиските гиганти. Стигнаа како големи желби на сопствениците, но сигурно дека нема сите да ги оправдаат очекувањата.

Многу ѕверови во не така мала англиската бара. Сите сакаат да испливаат на врвот, но некој наместо тоа ќе заврши на дното.
За тоа зборуваше и Славен Билиќ.

„Разговарав со стручниот штаб, не чека тешка сезона. А можете да замислите како му е на останатите тренери, големите имиња како Мурињо, Гвардиола, Клоп, Конте и Венгер. Тие се петмина, а на врвот има место само за еден. Еден од нив ќе биде пети. Тој несреќник ќе се уништи. Додадете ги уште Лестер и Тотенхем кои сигурно нема да бидат задоволни со шестото место“, изјави Билиќ.