Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Капитенот на Манчестер Јунајтед Вејн Руни рече денеска дека новиот тренер на таа екипа Жозе Мурињо сака да победува, но и дека не вика и не фрла работи на околу.
Легендарниот тренер на Манчестер Јунајтед Алекс Фергусон, кој за 27 години на Олд Трафорд освои бројни трофеи, беше исклучително темпераментен, често викаше, а во една прилика во соблекувалната со копачки го погоди во лицето фудбалерот Дејвид Бекам. Мурињо, засега, мирен.
Капитенот на Јунајтед рече дека Мурињо има добри и јасни вештини на комуникација.
„Тој, моментално, не е некој кој ќе дојде и ќе почне да фрла работи, засега не е. Никогаш не знаете како ќе биде кога сезоната ќе почне. Тој е натпреварувачки настроен и сака да победува во секој натпревар, дали е пријателски или Комјунити Шилд. Тој ја пренесува својата порака. Сака да победува, но не вика премногу“, рече Руни за Скај Спортс.
„Мурињо многу очекува од секој играч и додека зборува, ја гледате неговата уара и порака која ви ја испраќа. Тој сака победа. Сакаше и против Евертон, тоа ни го повторуваше на полувремето. Кога играте за Манчестер Јунајтед, дури и во пријателски натпревар, сакате да победите. Нажалост, не победивме, но мојата фамилија и јас ќе се сеќаваме на тој меч“, додаде Руни.
Тој оцени дека неговата екипа добро одигра против Евертон, и покрај тоа што не победи.
Манчестер Јунајтед во недела на Вембли ќе игра против шампионот на Англија Лестер за трофеј Комјунити Шилд.