Мурињо по победата од 7-0: Има работи кои не ми се допаднаа


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Рома, Жозе Мурињо кажа дека неговите фудбалери имале добар настап против Емполи (7-0) во четвртото коло од Серија А, но им најде и замерка.

Мурињо вели дека 7-0 ништо не значи бидејќи мора да се корегираат некои работи во неговата екипа.

„Ова беше добар настап, но 7-0 не се важни. Жал ми е за Емполи, но тоа е фудбалот. Имаше некои работи кои не ми се допаднаа во играта на мојот тим“, кажа Мурињо.

Рома со победата против Емполи се искачи до 12. место на табелата во италијанскиот шампионат.