Мурињо повторно ќе биде тренер во Премиерлигата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Жозе Мурињо е без работа откако во јануари доби отказ од Рома, а англиските медиуми шпекулираат дека е блиску до враќање во Премиерлигата.

Мурињо предводеше неколку екипи во Англија, а вчера бил забележан на „Крејвен Котиџ“ на мечот меѓу Фулам и Ливерпул (1-3), па тоа предизвика шпекулации дека би можел да го преземе кормилото на „црвените“.

Португалецот наводно е еден од главните кандидати за преземање на позицијата која во моментов е извршува Јирген Клоп.