Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тотенхем денес гостува кај екипата на Баерн во последното коло од групната фаза од Лигата на Шампионите.
Овој натпревар нема да има никакво значење за двете екипи бидејќи и двете екипи имаат осигурано преминување во нокаут фазата.
Сепак, Спарсите не го паметат по добро првиот натпревар против баварскиот тим кој ги понижи во Лондон со резултат од 7:2.
Тоа беше кога Тотенхем беше предводен од Маурицио Покетино, а Жозе Мурињо кој неодамна го превзеде овој клуб им забрани на своите играчи повторно да го гледаат натпреварот во кој Баварците остварија висока победа.
„7:2? Им забранив било какво размислување во врска со тоа. Го гледав натпреварот повеќе пати со своите помошници и правевме анализа, пробавме да го поминеме секој можен детал, но играчите нема да видат ниту една слика од тој натпревар“.
„Ќе се фокусираме повеќе на нас отколку на Баерн, ќе го развиеме нашиот модел на игра со различни лица и различни тела, но постои одреден начин на кој пробуваме да се развиеме и потполно сме фокусирани на нас, а помалку на Баерн“, рече Мурињо.