Мурињо прв пат на Олд Трафорд: Што рече за Руни, Гигс, Фергусон, засилувања


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Португалецот воодушеви на првиот официјален дуел со новинарите.

Жозе Мурињо пред англиските новинари. Лице во лице. Господинот Посебен ја одржа денеска првата официјална конференција за медиумите од доаѓањето на кормилото на Манчестер Јунајтед, а во првиот впечаток е дека е жестоко запален за работата на Олд Трафорд кој ја доби.

На почетокот, следеше вообичаен вовед, а Португалецот не пропушти шанса да се пофали самиот себе.

„Знам за моето наследство, знам што од мене се очекува. Знам за историјата на овој клуб и што навивачите сакаат. Мислам дека оваа работа следи во вистински момент во мојата кариера. Чувстувам дека сум спремен и многу стабилен како личност. Мотивиран сум и можам да речам дека сум на вистинско место, во голем клуб во оваа земја“, истакна на почетокот Жозе Мурињо.

Верува дека нема на кого друг да се докажува освен на самиот себе.

„Постојат менаџери кои последен пат освоиле титула пред десет години. Некои не освоиле ниту една. Јас последен пат зедов пред година дена. Ако морам уште да се докажувам, што другите тоа го велат, морам да се докажувам само на себе, не на другите. Никогаш не сум бил неуспешен. Имам 53 години, не 63 или 73 млад менаџер сум, Реалност е дека имам проблеми во последните пет месеци. Првиот месец беше се во ред, другиот не, а се после тоа беше катрастрофа“.

На Манчестер Јунајтед, како што вели Мурињо, се преку потребни промени и тоа радикални.

„Можев да пристапам во оваа работа во дефанзивен стил и да речам „најдобро што можеме е да бидеме четврти и да го освоиме ФА Куп“. Работев и порано во големи клубови, а реалност е дека од година во година луѓето се навикнуваат на обичен Манчестер Јунајтед, а тоа морам да го променам. Успехот е всушност рутина, но јас сакам да заборавиме на Олд Трафорд од претходните три сезони. Не сакам да мислат играчите дека доволно е да бидеме подобри отколку лани, бидејќи тоа значи дека сме четврти“.

Секојдневно се зборува за доаѓања во Манчестер Јунајтед, а Португалецот рече дека нема да има толку колку што јавноста шпекулира.

„Дали е третиот нов играч потврден? Не е уште. Ќе биде во наредните денови…Зацртавме да се засилиме на четири позиции и го бараме квалитетот кој ни е потребен. Знаете дека сум тренер кој сака специјалисти, никако мултифункционални играчи, бидејќи ми требаат луѓе од доверба на теренот“.

Заминувањето на Рајан Гигс од клубот после 29 години ни малку не го потресе. А и зошто …

„Никогаш не бегам од одговорност, но можам да кажам дека не е моја одговорност што Гигс повеќе не е во овој клубот. Работата која тој ја сакаше е доверена на мене. Не сум јас виновен, тој сакаше да биде менаџер на Манчестер Јунајтед. Управата одлучи дека јас сум вистински човек за оваа работа, а Рајан после тоа се одлучи да замине. Сакаа да му понудат било која друга работа клубот, не сакаше“.

Не е тајна дека големиот сер Алекс Фергусон долго сакаше за баш Мурињо да го замени на клупата на Манчестер Јунајтед.

Оттука и искрени совети за Португалецот кога доаѓаше.

„Ми рече да си донесам чадор. И ми порача да си донесам и што повеќе шишиња со вино бидејќи од сега ќе има многу причина за славје на Олд Трафорд.

Додега сер Алекс се врати од одмор јас веројатно ќе се преселам во Манчестер и ќе можеме тогаш често да се гледаме. За него се вратите ширум отворени, секогаш е добредојден на теренот, бидејќи за мене неговото мислење за фудбалот  и животот воопшто е многу важно“.

На крајот, Мурињо даде и посебно интересен одговор на прашањето дали како кај Рој Хоџсон го гледа Вејн Руни во средниот ред во наредната сезона.
„Нормално е дека со годините играчите ги менуваат карактеристиките. Но, вродениот инстикт да ја сместите топката во мрежата никогаш не застарува. Можеби Руни не е повеќе десетка, но сигурно кај мене нема да биде ни петка, а ни шестка. Никогаш кај мене нема да биде оддалечен 50 метри од голот на противникот. За мене тој е деветка или десетка, но шестка или осумка никогаш нема да биде“, заклучи Мурињо.