Мурињо се спореди со Ѓоковиќ: Ноле го прави ова секој ден, морав и јас барем еднаш!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Жозе Мурињо задоволно се смешка по триумфот против Манчестер јунајтед од 6-1, и тоа на „Олд Трафорд“.

Необичен натпревар, во кој во првите 10 минути видовме десет гола и резултатски пресврт, а потоа Мурињо и неговите избраници целосно го „распарчија“ тимот од Манчестер.

„Ова беше победа во стилот на Новак Ѓоковиќ, 6-1 прв сет!“, кажа новинар во обид од Мурињо да добие интересен одговор.

Таквата игра му се допадна и на тренерот на Тотенхем, кој ги пофали своите фудбалери.

„Новак ова постојано го прави, но за нас не е лесно да постигнеме ваков резултат. Против Јунајтед тоа се случува еднаш во животот, еднаш во кариерата. Одлично игравме, многумина ќе речат поради тоа што имавме играч повеќе, но и со израмнети сили водевме со 2-1“, вели Мурињо.