Мурињо со еден потег „запали“ 70.000 навивачи на Рома (Видео)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Фудбалерите на Рома по голема драма и продолженија изборија пласман во полуфиналето на Лига Европа и остануваат во трката за европскиот трофеј.

Римјаните беа подобри од Феенорд со 4-1 во Рим, а по победата вистинско шоу направи Жозе Мурињо, кој со еден потег ги „запали“ навивачите на трибините.

Мурињо стана од клупата и прошета пред трибините и ги повика навивчаите на Рома да навиваат уште погласно, а тоа на нозе крена околу 70.000 луѓе.