МЗТ потпиша со поранешен турски репрезентативец!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


МЗТ Скопје се засили со млад турски кошаркар Рагип Атар, кој е висок неверојатни 210 см и претходно настапуваше за турскиот тим Банвит.

Атар доаѓа како помош на останатите кошаркари на МЗТ, па ќе се бори за минутажа во првиот тим на македонската екипа.

Турскиот кошаркар има настапувано за репрезентацијата на Светското првенство до 17 години во 2016 и тогаш во просек постигнувал по 11,4 поени и 8,7 скокови.

Турскиот кошаркар најверојатно ќе дебитира за МЗТ во четврток во дуелот против Хелиос во АБА2-лигата.