МЗТ Скопје се засили со Војдан Стојановски!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонскиот кошаркар Војдан Стојановски по една деценија се враќа во македонската кошарка, откако потпиша за МЗТ Скопје, каде што ќе настапува со неговиот брат Дамјан Стојановски, па ќе се обидат заедно да ја одбранат титулата во домашниот шампионат.

Војдан од 2011 година е во странство, каде што настапуваше за Доњецк, Алба Берлин, Андора, Реал Бетис, Бујукчекмече, Олденбург, По Ортез и Гравелин, додека неговата кариера ја почна во Вардар, а има настапувано и за Ама-СП, Напредак Крушевац и Фени Индустри.

Искусниот македонски кошаркар потпиша договор до крајот на сезоната, со можност соработката да биде продолжена и понатаму ако се договорат двете страни за такво нешто по завршување на сезоната.

ФОТО: МЗТ Скопје