Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓
Виктор Ѓокереш, напаѓач на португалскиот шампион Спортинг Лисабон и репрезентацијата на Шведска, е еден од најбараните играчи во летниот преоден рок. Причината е што во изминатите две години откако премина од Ковентри во Спортинг, на 102 натпревари постигна 97 и асистираше за 28 голови.
Има договор со Спортинг и клаузула за ослободување од 100 милиони евра, но и устен договор со управата на клубот дека може да замине за околу 70 милиони евра. Ѓокереш го сакаат многу клубови, а најупорни се Арсенал и Манчестер Јунајтед. Марио Кортегана, новинар на The Athletic и Реалов инсајдер, објави дека шведскиот стрелец бил понуден на Реал, но во Мадрид одбиле да го ангажираат.
Реал во нападот ги поседува Килијан Мбапе, Винисиус Жуниор, Родриго, Ендрик и Брахим Диас. За разлика од нив, Ѓокереш е одличен напаѓач, класична деветка.
Фото: Принтскрин