На 16 години дебитираше за Барса, а потоа во соблекувалната го доживеа она што претходно не го ни сонувал


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Барселона синоќа победи на Камп Ноу против екипата на Бетис во 2. коло од Ла Лига.

Поради повреди Валверде не можеше да смета на Меси, Суарез и Дембеле, па во составот се најде 16-годишниот крилен напаѓач Ансу Фати

Овој тинејџер од Гвинеја-Бисау е член на јуниорскиот тим на Барса, а се очекува оваа сезона да ја помине во Барса Б. Но, поради големиот проблем со повреди, Фати доби повик од Валверде кој сите ги изненади.

На крајот тренерот на Барса му даде шанса да игра и стан вториот најмлад дебитант во историјата на овој тим. Ансу Фати оваа ноќ сигурно нема да ја заборави, а посебно откако во соблекувалната го дочека Лионел Меси.

Меси го прегрна и му порача дека сега мора да биде и тоа како паметен и цврсто мора да остане со нозете на земја и максимално да работи за да напредува уште повеќе.