На адресата на Реал стигна понуда од дури 120 милиони евра, Перез ги изненади сите со својата одлука


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Од Реал Мадрид се очекуваат големи работи во летниот трансфер период, а многумина останаа изненадени откако се дозна дека Флорентино Перез одби понуда од дури 120 милиони евра за Орелиен Чуамени.

Чуамени на крајот од минатата сезона беше во центарот на јавноста поради тепачката со Федерико Валверде и изгледаше дека Французот ќе биде тој кој сигурно ова лето ќе го напушти Реал Мадрид.

Иако многумина сметаат дека Валверде е тој што ги започна сите кавги, јасно е дека тој во Реал има далеку подобар статус од Чуамени, поради што се веруваше дека на крајот францускиот играч за врска ќе биде на губитничката страна.

Голем интерес за Чуамени покажа Манчестер Јунајтед кој дури испрати понуда за него, но потегот на Флорентино Перез ги изненади сите.

Црвените ѓаволи за францускиот репрезентативец понудија дури 120 милиони евра и беа доста оптимисти дека Чуамени ќе пристигне на Олд Трафорд, но од тоа нема ништо.

Од Реал решија да ја одбијат понудата за Чуамени и им порачаа на челниците на Јунајтед дека тој не е на продажба.