На Бобан му дојде преку глава, ќе ги спакува куферите и ќе замине од Милан?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанските медиуми пишуваат дека Звонимир Бобан би можел да го напушти Милан. Тој на „Сан Сиро“ е еден од главните луѓе задолжени за спортската политика, но од вчера и јавно е во „војна“ со сопствениците на клубот, откако во медиумите беше објавено дека му работеле зад грб.

На Бобан му пречи тоа што луѓето од клубот без негово знаење го контактирале Ралф Рагник, кој на лето треба да стигне во клубот, по што Бобан ќе ја загуби позицијата во клубот.

„Газета дело Спорт“ објави дека Бобан размислува да се повлече на крајот на сезоната, а неговиот потег би можел да го следи легендата на Милан, Паоло Малдини.

Милан во моментов се наоѓа на седмата позиција во Серија А и се бори за пласман на позиции кои овозможуваат настап во европските натпреварувања следната сезона.