Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пред точно 28 години, легендарниот холандски напаѓач во финалето на ЕП во Западна Германија против СССР го постигна еден од најубавите голови во историјата на фудбалот.
Волејот на Ван Бастен е сигурно еден од најгледаните фудбалски потези било кога, а веќе речиси три децении се врти по ТВ шпиците ширум светот, но спаѓа во категоријата од тие кој никогаш не може да се достигне бидејќи речиси после секое гледиште се доаѓа до впечаток дека пркоси на законите на физиката.
Холандија во тоа финале, одиграно на 25 јуни 1988 година на Олимпискиот стадион во Минхен, ја совласа ССР со 2:0, Ван Бастен со ова голчиште од 54 минута од мечот го постави конечниот резулат а пред тоа Руд Гулит ги доведе во водство “Орање“ .