Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на Интер беа поразени синоќа против Лацио со 2:1 во 24-то дерби во Серија А.
Со овој пораз Интер падна на третото место во Серија А и сега има три бода зад Јувентус, додека Лацио сега е на втората позиција и има само еден бод помалку од Старата дама.
По натпреварот Антонио Конте изјави дека неговиот тим му поклонил два гола на Лацио, и дека тие го загубиле премногу рано ова дерби иако по првото полувреме поведоа со 1:0.
Еден од новинарите го праша Конте дали е време Кристијан Ериксен да добие поголема минутажа и конечно да се најде во првиот состав, но тренерот на Интер немаше изјава што би го израдувала Данецот.
“Верувам во секоја ситуација мора да ја пронајдете рамнотежата помеѓу одбраната и напаѓачот. Не можеме да мислиме дека еден играч може да ја промени судбината на тимот, особено што до сега игравме без Ериксен. Мораме да останеме смирени и да ги пуштиме новите играчи како што треба да се вклопат во тимот. Да продолжиме да работиме и да не размислуваме дека можеме да го смениме нашиот тим одеднаш “, рече Конте.